500x100-1
22. 03. 2019 15:22

Благе Јакимовски нов претседател на Здружението на пензионери Куманово

Благе Јакимовски нов претседател на Здружението на пензионери Куманово

Благе Jакимовски е избран за нов претседател на Здружението на пензионери Куманово, на денешното Изборно собрание.

На тајното гласање Јакимовски освои 22 гласа, неговиот противкандидат Јасмина Тодоровска 10 гласа.

 Новиот претседател ветува дека ќе продолжи со работата и активностите како и до сега, бидејќи здружението е eдно од најдобрите во државата.

 Со тоа и одговорноата на претседателот е уште поголема, бидејќи многу труд е потребно за да се достигне едно ниво, а уште потешко е тоа да се задржи. Ќе ги вложам сите напори за здружението продолжи со активностите кои што ги имало до сега, но и да воведеме нови содржини. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите членови на Собранието кои гласаа за мене, а исто така и на оние коишто не гласа. Јас ќе се трудам да направам една кохезија во Собранието за да продолжиме понатаму да функционираме добро, - изјави претседателот Јакимовски.

Изборното собрание се уште трае и треба да се изберат: потпретседател, членови на извршен и надзорен одбор, одбор за статут за правни прашања и двајца претставници за Сојузот на пензионери на Македонија. Секретарот на здружението го избира претседателот.

 Досега, во два мандати Здружението на пензионери Куманово го водеше Спирко Николовски.

Благе Јакимовски нов претседател на Здружението на пензионери Куманово