×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Болната жена се опоравува на токсикологија

    31.08.2010 11:15 | KumanovoNews

     Како што утринава телефонски не извести нејзината мајка, на Даниела вчера и биле дадени потребните лекарства и се опоравува од преисцрпеност.

    Болната жена се опоравува на токсикологија

     Кумановката Даниела Петковска, која боледува од карцином на матка, булимија и анорексија од вчера е сместена на Клиниката за токсикологија во Скопје и здравствената состојба и се подобрува. Како што утринава телефонски не извести нејзината мајка, на Даниела вчера и биле дадени потребните лекарства и се опоравува од преисцрпеност. Потоа ќе биде префрлена на психијатриското одделение за да се лекува од булимија.

     Младата жена беше сместена во болница, по интeрвенција на новинарите, откако нејзината мајка во очај побара јавно да и се помогне да ја спаси ќерката. Таа три месеци живеела неподвижна и со неподносливи болки поради тоа што нема пари да купи лекови и да се смести во болница. Даниела со своите две малолетни деца и мајка, живее под кирија со социјална помош од 4000 денари. Нејзините деца одат на училиште, а немаат елементарни услови за живот и секојдневно се под стрес поради тешката состојба на мајка им.  Затоа апелираат до сите хумани луѓе и невладини организации да им помогнат.

    Јас имам три желби. Мама да оздрави, да имаме наша куќа и да имам компјутер - ни рече на поаѓање третооделенката  Тијана, додека Дарио ја замолчуваше и не сакаше да се слика за да не го задеваат другарчињата.