×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Борбата против насилство ги обедини жените од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

    06.12.2018 09:44 | KumanovoNews

    Членките на Форумот на жени на СДСМ и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалиционите партнерки и другите политички партии во Куманово, синоќа се обединија на трибина посветена на борбата против насилството насловена „Женското здружување во борба против родово базираното насилство“.

    Борбата против насилство ги обедини жените од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

    Трибината има за цел да ја подигне свеста кај жените против сите видови на насилство, а државата да создаде услови за поширок и сеопфатен пристап во борбата против насилството и имплементација на Истанбулската конвенција.

    За првпат во историјата на политичкото здружување имаме заедничка активност со сите женски ограноци на политички партии во Општина Куманово. Искуството на досегашната женска борба во рамките на општествените текови и во политичкиот живот, покажува дека само здружени жените покажуваат посебни резултати, особено во борбата против вакви долгогодишни историски, тековни појави, како што е насиството врз жените и девојчињата и воопшто родовото базирано насилство. Ова ни е прва соработка, но се договоривме во иднина да имаме низа активности се заради јакнење на позицијата на жената во општеството, - рече во своето обраќање Мургашанска, координаторката на жените на СДСМ и претседателка на Советот на Општина Куманово.  

    Таа смета дека организираноста ќе помогнеме во јакнење на жената во општеството, бидејќи основата на родовото насилство е економската нееднаквост и нееднаквиот третман на жената во политиката и економијата.

       Претседателката на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ и советничка во Советот на Општината, Емилија Трајковска, вели дека трибината е добар пример како треба да се соработува и во иднина на ова поле, бидејќи има многу простор и потреба за заедничко делување.

     Благодарам на присуството на секоја од жените членка на форумите и унијата на жени, бидејќи линијата што нас не разделува, условно кажано, по партиска припадност, е многу послаба од нишката што не спојува и здружува во елиминацијата на секаква форма на насилство, а тоа го докажуваме и со нашето присуство. Насилството претставува општествен проблем кој не познава партиска, верска и национална припадност, и само вака здружени можеме да ги направиме промените во општеството, - рече Трајковска.

    Трибината е во организација на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство и женските организации во рамки на политичките партии. Беа презентирани основните концепти на Истанбулската конвенција, како и обврските на локалната самоуправа во однос на превенција од насилство и обезбедување на заштита за жените жртви.

     Мислам дека исклучиво само на оваа тема конечно ќе се споиме без притоа да ги имаме политичките погледи и ставови. Ова треба да биде голем поздрав за одзивот на различните политички партии и за бројноста, да се сфати значењето на насилството и како би се помогнало. Насилството не бира партија, град, место, локација, така да треба постојано да се организираме додеке конечно не се имплементира Истанбулската конвенција во рамки на македонското законодавство, - изјави Марта Гусар, адвокат, која дава бесплатна правна помош на сите жени жртви на семејно насилство.

    Искуствата на адвокатката покажуваат дека во пораст е пријавувањето на семејното насилство и дека жените се почесто се охрабруваат да зборуваат за него. Според неофицијалната статиските секоја втора жена е жртва на семејно насилство, а официјалната статистика говори дека семјното насилство е табу тема во помалите градови, дури жените и не го препознаваат од обичната закана. Најзастепно е психичкото насилство, кое тешко се докажува, а најмногу пријавувано е физичкото насилство, па сексуалното насилство.   

    На трибината присуствуваше и претседателот на оптинската организација на СДСМ Мартин Костовски, а претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, бил поканет, но не присуствуваше.

    Покрај во Куманово, до крајот на годината ќе се организираат уште десетина трибини и во другите градови во државата.