500x100-1
15. 04. 2010 17:01

„Браќа Миладиновци„ слави 56 години постоење

„Браќа Миладиновци„ слави 56 години постоење

 Основното училиште  "Браќа Миладиновци "одбележува 56 години постоење и успешна работа. Формирано е во 1954 година со само десет паралелки и петстотини ученици, а сега брои над 1300 ученици и 65 паралелки.

  Училиштето е едно од најголемите во Куманово и во регионот.

"Нашето училиште е едно од ретките кое што подготви тригодишна развојна стратегија на која работеа близу 40 -тина наставници. Еден од главните проекти кои што очекуваме да започне со реализација е реконструкција на училишната спортска сала, која не е обновена веќе 35 години"- вели Миле Јордановски, директорот на училиштето.

Во училиштето информираат со средства од Министерството за образование и америкнаската агенција за меѓународна помош УСАИД ќе се изградат три кабинети каде настава ќе посетуваат ученици со посебни потреби.Меѓу позначајните проекти кој се спроведува во оваа образовна институција е учењето во природа што ќе се реализира во подрачното училиште во село Студена Бара.

По повод 56 годишниот јубилеј, денеска учениците реализираа повеќе активности. На свечената приредба присуствуваа и гостите од збратимено училиште од Крагујевац,Р.Србија.ОУ "Браќа Миладиновци" е домаќини и на државниот натпревар во кошарка на шест екипи од основни училишта од Куманово, Скопје, Кочани,Кавадарци и Битола.Натпреварот го организира Федарцијата на училишните спортови на Македонија.