×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бранителите бараат термин

    24.06.2010 14:13 | KumanovoNews

     Не сакаме да се препукуваме преку медиумите, туку градоначалникот да најде време кога може да се сретне со нас и официјално да поразговараме за проблемот.

    Бранителите бараат термин

     Како Здружение на бранители  во неколку наврати поднесовме барања и иницијативи до  општинската администрација, Советот и претседателот на Советот во кои бараме од кабинетот да ни закаже средба со градоначалникот, Советот и советничките групи. Ние имаме архивирани барања со печат, заверени во архивата на Општината. Но доколку администрацијата во градот со која тој раководи несовесно си ја вршела својата работа, можеби тоа е и причината за неинформираноста на  градоначалникот. Нашата цел не е да се препукуваме, туку сакаме во  најскоро време да се реши овој проблем и еве јавно го повикувам градоначалникот да не извести за точниот термин кога ќе се сретнеме и официјално да поразговараме за нашиот проблем - рече Предраг Петрушевски претседател на Здружението на бранителите 2001, одговарајќи на обвинувањата дека не ја знае процедурата за изградба на спомен обележје во градот.