500x100-1
14. 05. 2019 19:20

Бурата „Андреа“ стигна во Куманово

Бурата „Андреа“ стигна во Куманово

Силно невреме проследено со ветер, пороен дожд и електрични празнења попладнево го зафати Куманово. Невремето започна околу 18.30 часот и траеше до 20 часот.

Метеоролозите уште минатат недела најавија дека целиот регион ќе  го зафати, бурата „Андреа“ што  ќе донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар.

Променливото облачно и нестабилно време ќе се задржи до петок, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.