×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се гасифицира индустриската зона Доброшане

    19.07.2019 06:38 | KumanovoNews

    Општина Куманово изготвува проект за гасификација на индустриската зона Доброшане.

    Ќе се гасифицира индустриската зона Доброшане

    Проектот предвидува изградба на секундарна гасоводна мрежа во должина од 3,5 километри, од тениските игралишта на булеварот „Октомврска револуција„ до игралиштето во населбата Доброшане. Проектот ќе чини 12 милиони денари, а се очекува да се приклучат педесетина стопански субјекти.

    „Бизнис заедницата во Куманово  побара да и овозможиме да го користи наејефтиниот енергенс, а тоа е гасот. Поради тоа нарачавме да се изработи проект кој е во завршна фаза и предвидува ширење на мрежата на еден крак кон населба Доброшане. Општината планира да издвои 12 милиони денари, кои се обезбедени во соработка со ФЗЦ „11 Октомври“, бидејќи имаме побарувања и фабриката ќе ни испорача челични профили, а во договорот е и заварувањето и  поставувањето на цевките,  - изјави градоначалникот Максим Димитриевски, на состанокот со бизнисмените од Индустриската зона Доброшане, кој го организираше Локалниот економски-социјален совет во Куманово.

     Доколку се обезбедат средства за изведување на градежните работи, односно ископите на трасата, реализацијата на проектот ќе започне уште наредниот месец,  во спротивно ќе мора да чекаат наредната пролет, бидејќи  Општината нема предвидено средства за таа намена од годинешниов буџет.  Градоначалникот им предложи на бизнисмените тие да го финсираат копањето на трасата, а парите да им бидат одбиени од уплата за приклучок.

    „За да не чека целата постапка, јас предлагам да направиме еден одбор за гасификација на оваа индустриска зона, којшто заедно со ЈП „Куманово-гас“ и бизнис заедницата и Општината, ќе изнајде решение како да се премости овој мал финансиски проблем во делот на ангажирање на оператива, кој не би требало да чини повеќе од 3 до 4 милиони денари. Со дополнителна одлука на Советот тие средства би биле одбиени од трошоците на приклучоците на правните субјекти, бидејќи на нас не ни недостасуваат средства, туку сакаме проектот да го реализираме оваа година“, - додаде Димитриевски.

     Присутните бизнисмени дадоа поддршка на идејата на градоначалникот и подготвени се да се вклучат во интензивирање на процесот на гасификацијата во тој дел на градот, бидејќи тоа е од нивен интерес. Сметаат дека само така ќе ги надминат проблемите што ги имаат со напојувањето на електричната енергија и постојаните прекини во процесот на производството, кои им прават големи загуби и проблеми.

    „Постои голем интерес за гасификација, бидејќи струјата постојано поскапува.  Гасот треба да биде примарен енергенс во нашиот град, како што тоа е и во развиените земји, не само од економски туку и од еколошки аспект. Треба да се искористи тајмингот и да се помогне во инвестирањето, и веќе оваа зима да ги имаме бенифитите од гасот. Со така ќе се намалат сметките за потрошена екелтрична енергија и уште во првата година ќе се врата парите коишто ќе ги вложиме, а тоа ќе допринесе и да се намали цената на готовиот производ“, - изјави Благоја Бајдевски, сопственик на компанијата Екста Меин.

     Директорот на ЈП „Куманово-гас“, Никола Денковски ги објасни предностите од користењето на гасот, како и целата постапка за приклучок на гасификационата мрежа, која ќе чини од 3 до 13 илјади евра, од зависност на големината на субјектот.