×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се намали времето на минување на границата, отворен заедничкиот премин Табановце-Прешево

    26.08.2019 11:22 | KumanovoNews

    Премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ, денеска го означија почетокот на функционирањето на интегрираниот граничен премин Табановце - Прешево, кој предвидува заедничко управување на граничните и царинските контроли, со едно застанување „One stop shop“.

    Ќе се намали времето на минување на границата, отворен заедничкиот премин Табановце-Прешево

    Во иднина, возилата кои излегуваат од Македонија ќе поминат полициска и царинска контрола на српскиот граничен премин Прешево каде ќе има и македонски службеници, додека возилата и патниците што доаѓаат од Србија ќе се контролираат на македонскиот граничниот премин Табановце, во присуство на српските колеги.

    „Со новиот концепт ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства, времето на минување на границата ќе се намали за повеќе од половина, што ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи помеѓу двете држави, како бројот на транзитните туристи. За половина ќе се скрати времето на поминување, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, а предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, фитосанитарните и ветеринарните.  One stop shop ќе ја намали можноста за царинските измами, а ќе го зголеми нивото на доверба соработка и развој на информации за зголемување на трговијата, - изјави премиерот Заев, нагласувајќи дека ова е круна на пријателството и добро соседството помеѓу нашите две држави.

    Тој додаде дека преку Табановце во 2018 година поминале околу 200.000 транспортни средства- камиони, што претставува една четвртина од вкупниот промет на товарни возила на сите гранични премини, а се очекува овој број да биде зголемен за 30 проценти и оваа година да достигне околу 260.000 камиони, додека превозниците и извозниците ќе имаат годишна заштеда од околу 8 милиони евра, а извозот во двете земји ќе се зголеми за 4 проценти, а трговската размена за 8 проценти.

    Премиерката Брнабиќ истакна дека првата заедничка гранична контрола ќе ја подобри и онака добрата економска соработка меѓу двете земји, а за тоа најдобро зборуваат податоците,бидејќи вкупната надворешна трговска рамена помеѓу Србија и Македонија во 2018 година изнесувала над 1 милијарда евра, од кои 865 милиони евра на трговски стоки и 198 милиони евра на секторски услуги.

    Мора да бидеме паметни, посветени и да избереме да работиме во интерес на нашите граѓани и нашите економии, наместо катковидни популистички политики, - изјави Брнабиќ.

    Премиерката на Србија денеска е во посета на Македонија каде ќе бидат потпишани повеќе договори за соработка.