×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се прошири зоната за паркирање во градот

    27.02.2019 14:32 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие „Куманово-паркинг“, за еден месец ќе ја прошири зоната на паркирање во градот.

    Ќе се прошири зоната за паркирање во градот

    Директорот на претпријатието Фадиљ Шабани вели дека прават проекти за да ја пуштат во употреба зоната Б и Ц, но и ќе ги стават во функција паркингот на т.н. „Берза“, зад Комерцијално-инвестициона банка.  

     Предлогот е усвоен од предходниот Совет, со започнување на работа на претпријатието беше планиран и овој дел, но поради технички причини до сега не беше реализиран. Верувам дека во овој краток период ќе добиеме нови 40 до 60 паркинг места. Во тек е изградба на монатажната гаража во центарот на градот, така што очекуваме резултати во нашето работење, - изјави Шабани.

      На ЈП „Куманово-паркинг“ му се одземени ингеренциите за стопанисување со јавното осветлување, кое ќе се даде на концесија за наредните 10 години, па претпријатието ќе мора да го консолидира своето работење во основната дејност, односно паркинг службата.