×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира Спомен костурницата во Куманово

    16.05.2018 15:54 | KumanovoNews

    До крајот на оваа или наредната година ќе се реконструира најголемото и најзначајно обележје од НОБ - Спомен костурницата на паднатите борци во Куманово.

    Ќе се реконструира Спомен костурницата во Куманово

    Ова го вети министерот за култура Роберт Алаѓозовски, при денешната посета на Куманово откако и самиот се увери дека споменикот се наоѓа во очајна состојба, поради негрижа на надлежните институции.

    - Особено е лоша состојбата на релјефите, на конструкцијата на криптата, на мозаичните плочки од пристапните скали и на централното плато. Во исклучителна лоша состојба се и придружните простории. Стручен тим формиран од Националниот конзерваторски центар веќе ја детектираше состојбата, нотирани се сите овие проблеми и тие ќе се решат со проект за конзервација и реставрација на сите елементи. Нашите служби во наредниот период ќе ги извршат сите подготовки во согласност со законската постапка, - изјави министерот Алаѓозовски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека изминатите години Општината се обидувала да го одржува зеленилото и хигиената во комплаксот, но толку биле нивните надлежности и немале можност да го спречат вандалското однесување на поединци кон споменикот и урбаната опрема.

    -Ние како локална самоуправа ќе се вклучиме во реализација на проектот и веднаш по изготвување на проектната документација во делот на градежни активности со пренамена на средства од буџетот на Општина Куманово. Се надевам дека ќе го вратиме сјајот на овој споменик, кој во минатото беше едно од најпрестижните места во градот, - изјави Димитриевски.

     Градоначалникот најави и изградба на амфитеатар, трим патеки за спортистите и  шеталишта за граѓаните, како и ангажирање на приватна агенција за обезбедување и заштита на целиот комплекс.

    Спомен костурницата е комплекс којшто е составен од обелиск и две костурници, каде  се чуваат посмртните останки на загинатите борци од НОБ.