×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира железничкиот мост во Перо Чичо, од утре посебен сообраќаен режим

    03.07.2019 05:26 | KumanovoNews

    Од утре започнува реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник на ул.Ѓорче Петров, населбата Перо Чичо, како дел од проектот за изградба на Железничкиот коридор 8.

    Ќе се реконструира железничкиот мост во Перо Чичо, од утре посебен сообраќаен режим

    Од фирмата  Х.Ф.Вибе, која ги извршува градежните работи ги известуваат граѓаните дека во наредниот период ќе има посебен нов режим на сообраќајот, поради градежните активности.

    „Во конкретниот случај, станува збор за пообемен градежен зафат за реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник на ул.Ѓорче Петров, населба Баново трло. Во текот на извршување на активностите, сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим, согласно решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од општина Куманово. Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на ул.Ѓорче Петров, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура, - соопштуваат од претпријатието.

    Градежните активности треба да завршат до средината на ноември 2019 година, со реконструкција и рехабилитација на железнички премини на железничката пруга Куманово – Бељаковце.