×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се затвори дел од улицата „Гоце Делчев“ за да се постави бина за концерти

    07.11.2019 12:13 | KumanovoNews

    Централното градско подрачје на Куманово од вечерва до недела ќе биде под изменет сообраќаен режим, поради одржување на концертите по повод Денот на ослободување на Куманово.

    Ќе се затвори дел од улицата „Гоце Делчев“ за да се постави бина за концерти

    Од Општина Куманово информираат дека изменетиот режим се однесува за петок, сабота и недела.

    Режимот на сообраќај ќе биде сменет на улицата „Гоце Делчев”, поточно на дел од улицата покрај Градскиот плоштад, со пренасочување заради поставување на монтажна бина – сцена за изведување на културно уметничка програма – концерти на естрадни уметници, а по повод прославувањето на Денот на ослободување на Куманово, 11. Ноември, - информираат од Општина Куманово.

    Монтажната бина ќе биде поставена денеска во вечерните часови, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови во понеделник.