15. 05. 2018 13:30

Ќе започне со работа новата детска градинка „Детелинка“

Ќе започне со работа новата детска градинка „Детелинка“

 Утре ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка „Детелинка“, која е сместена во дел од просториите на некогашниот Дом на пионери.

Градинката почна да се реконструира во август минатата година, но поради проблеми на кровната конструкција и други технички проблеми отварањето задоцни 8 месеци.

„Во новата градинка запишани се 69 деца во три групи.  Јаслена, мала и голема хетерогена група. Децата се примени и договорите со родителите склучени и започнуваме со работа“, - изјави директорката Марина Алексовска.

  Општина Куманово во наредниот период треба да изготви проектна документација за реконструкција на целиот објект, по што Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди пари за негова реализација.

Свеченото отворање утре ќе биде во 10.30 часот, а ќе присуствуваат повеќе гости од општествениот и политички живот во градот и државата.