×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар

    16.09.2019 13:54 | KumanovoNews

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

    Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар. Останатите горива поскапуваат за еден денар за литар така што новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 62,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,5 денари за литар.

    Со одуката на РКЕ за 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и сега ќе чини 31,641 денари.

    Како причина за зголемувањето на цените на горивата од РКЕ ги посочуваат за 2,94 отсто повисоката просечна цена на бензинот и за 3,42 отсто на дизелот на светскиот пазар во изминатите седум дена, како и за 0,076 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.