×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центар за дојка треба да се отвори во Куманово

    14.08.2018 12:26 | KumanovoNews

    Во Кумановската болница планирано е да се отвори Центар за дојка, кој ќе пружи адекватен третман на пациентките од Североисточниот регион.

    Центар за дојка треба да се отвори во Куманово

     Проектот се најавува подолго време, но никако да заживее, а лекарите велат дека тој е неоходен заради скрининг и рано дијагностицирање на болестите на дојка.

    „Таму ќе бидат вклучени ренгенолози, торакален хирург, психолог, комплетна една екипа, која проблематиката ќе ја решава во целост. Освен мамогаф, имаме доста квалитена друга апаратура. 16 лајсен компјутер, имаме најнов модел на квалитетно ехо, дигитален апарат на ургентен центар, но проблем ни се просториите. Тие апарати се на различни места во болницата и малку е тешко да се организира целата служба. Меѓутоа добро функционираме, екипирани сме комплетно, персонал имаме, матерјали за работа, освен мамограф“, -вели специјалист по рентген дијагностика д-р Димитрије Суботиќ, началник на Одделението за ренгенологија.

    Лекарите кажуваат дека последните години се зголемува бројот на заболени жени од карцином на дојка не само во Куманово туку во целиот Североисточен регион. Ако порано месечно откривале 4-5 жени со карцином на дојка, последната година додека работел мамографот за 10 дена биле дијагностицирани по 4-5 случаи.

    „Сигурно дека бројот е зголемен, меѓутоа мамографот не работи од октомври минатата година, така да немаме нови податоци, -  изјави др. Суботиќ.

    Тоа го потврдува и директорката на Кумановската болница Снежана Захариева.

    „ Морам да кажам дека многу е голем бројот на жени со карцином на дојка од Куманово. Кога ќе појдете на онкологија имате впечаток дека секоја трета-четврта жена е од нашиот регион. Ова е насушна потреба за нашата болница и за пациентите од нашиот регион“, - вели директорката Захариева.

    Вработените очекуваат Министерството за здравство покрај новиот мамограф да одвои средства и за нови простории за Центар за дојка со што ќе се подобри квалитетот на нивната работа и експедитивноста, на задоволство на пациентите.