×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го слави патрониот празник

    06.11.2018 12:13 | KumanovoNews

    Со концерт на хорот „Света Злата Мегленска“, Центарот за култура вечерва ќе го прослави патрониот празник, 109 години од раѓањето на композиторот и диригент Трајко Прокопиев, чие има го носи институцијата.

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го слави патрониот празник

    На програмата ќе бидат изведени дела од Прокопиев, Скаловски, Шуплевски,Лековски, Вивалди, Брајан, Семпер, Кинг, Граси, под диригентска палка на Летка Димова Полизова.

    „Ги покануваме граѓаните да дојдат и да го проследат концертот. За прв пат ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев,- изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

    По завршување на концертот ќе бидат доделени благодарници на пријатели кои ја помагаат работата на оваа културна установа, како и на вработените.  

    Трајко Прокопиев роден е на 6 ноември 1909 во Куманово, а починал во Белград, 21 јануари 1979 година. Тој е признат македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.