×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на ослободувањето на Куманово

    11.11.2017 10:47 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на сите свои сограѓани им го честита 11-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово !

    Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на ослободувањето на Куманово

     „На 11-ти Ноември  во далечната 1944 година  во Куманово свечено беа пречекани  нашите херои кои своите животи ги ставија во рацете на татковината, носени од стремежот за слободна татковина, како и од копнежот за националниот идентитет и интегритет. Тие покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја, а тоа е сите ние да живееме во слобода.


    Затоа на овој ден да им одадеме почит на сите оние херои кои ги дадоа своите животи за да ние денес  живееме слободно. Нивната жртва треба да ни биде аманет нам и на идните генерации да се сеќаваме на нив и да си ја сочуваме слободата  и независноста. Денеска Куманово е слободно и празнува .

    Нека ни е честит и вековит овој   голем ден  за сите нас!, - стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.