×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четиримесечно бебе од Куманово новозаболено од морбили

    20.02.2019 08:45 | KumanovoNews

    Бебе од четири месеци од Куманово е едно од 13-те новозаболени од мали сипаници. Како што соопштуваат од Министерството за здравство детето е примено на лекување со пневмонија и не било вакцинирано против морбили.

    Четиримесечно бебе од Куманово новозаболено од морбили

    „Од новозаболените четворица се возрасни, односно 37-годишна жена со потешка клиничка слика, 27-годишен маж од Чаир, 34-годишен од Велес со пневмонија со тешка клиничка слика и сериозна пневмонија, 33-годишен од Велес со бронијална астма и со пневмонија, кој бил невакциниран. На останатите тројца вакциналниот статус им е непознат. Меѓу новозаболените од сипаници се три деца од кои едното е од Тетово со тешка клиничка слика и сместено е на одделот за интензивно лекување, потоа 20-месечно дете од Кисела Вода и 4-месечно дете од Куманово со пневмонија. Сите деца се невакцинирани“, велат од Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 заболен од мали сипаници, од кои 7 се возрасни и 14 се деца под една година.

    Од Министерството апелираат сите невакцинирани да се вакцинираат, а досега се вакцинирани 7.985 деца.