500x100-1
21. 04. 2010 11:45

ЦИД на семинар за неформално обравование

ЦИД на семинар за неформално обравование

 Центарот за Меѓукултурен дијалог како соработник на меѓународната младинска мрежа Млади за размена и разбирање (YEU-International) организира обука за обучувачи на теми од „Разноликост во меѓународната младинска работа".

 Обуката има за цел да едуцира група од 24 учесници, кои ќе ги оспособи со теорија, вештини, ставови и алатки потребни за планирање спроведување и евалуација на ефективна обука. Обуката се оддржува во Маврово, со учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија, Португалија, Романија, Полска, Литванија, Кипар, Словенија и Грузија.

“Обуката е планирана како интензивен осумдневен курс со методологија на неформално образование, со цел да се создаде соодветен простор за учење од искуство, анализа на минати активности на учесниците, дискусии за клучните компетенции во младинската работа и обука.„ – вели Ивана Давидовска.

Обуката ќе придонесе за развој на неформалното образование во организациите учесници како и во целокупната меѓународна мрежа. По завршување на обуката новите обучувачи ќе стекнат вештини и мотивација за да придонесат кон квалитетот и одржливоста на младинските програми во Европа.

Од Куманово на обуката учествува Милена Ѓорѓиевска која стекнатото искуство ќе го примени во активностите на тимот едукатори во Центар за Меѓукултурен Дијалог.

ЦИД на семинар за неформално обравование