500x100-1
14. 05. 2019 13:30

„Чистота и зеленило“ ги усогласи побарувањата во висина од 2,5 милиони евра

„Чистота и зеленило“ ги усогласи побарувањата во висина од 2,5 милиони евра

ЈП „Чистота и зеленило“ направи усогласување на побарувањата во висина од 2,5 милиони евра постари од 10 години, кои претпријатието не успејало да ги наплати.

Се работи за застарени побарувања на домаќинства и фирмите, за сметки за изнесување на смет заклучно со 31 декември 2007 година. Извршен е  сведување на сегашната вредност на 12.000 тужби.

„Во однос на физичките лица долговите се постари од 10 години, а предходно се оптужувани во Основниот суд Куманово, меѓутоа голем дел од нив сеуште немаат никаква разрешница. Проблемот настана во оној момент кога имаше селење на ингеренции од судот кај нотари и овие побараувања останаа да висат. Имаме побарувања кои се од 1987, 1988, 1998 година. Моравме да направиме исправка на вредност, бидејќи има апсолутна застареност на долгот. Во однос на правните лица застареноста е над 3 години, бидејќи законот така ни налага. Меѓуто 90 отсто од фирмите се во стечај Монопол, КИК Куманово, Житомел, или оние кои веќе не постојат“, - изјави Слаѓан Михајловски, финансиски директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Од опозицијата реагираа зошто претпријатието дозволило да изгуби толкави средства и зошто не се преземеле законските мерки за санкционирање на нередовните плаќачи. Новото раководство се огради дека тое се случувало во времето на предходните раководства и не можеле да влијаат.

Parking
Joco Turs
NER
stuz