500x100-1
15. 04. 2010 12:16

„Чистота„ извади вода за свои потреби

„Чистота„ извади вода за свои потреби

 ЈП „Чистота и зеленило„ со проект за обезбедување на сопствени извори на техничка вода за потребите на претпријатието ќе го реши повеќегодишниот проблем за полевање на зелените површини и одржување на јавната чистота во градот.

 На Градскиот плоштад, Расадникот и Кејот веќе се ископани бунари што ќе се користат за секојдневните активности и со тоа ќе се заштедат големи сретства на претпријатието.

Извадивме 120л/с вода што ќе биде доволно за нашите потреби на градскиот плоштад. Останува уште да се постави хидрофорот и системот за наводнување капка по капка и да почнеме да го користиме. Со овој потфат ќе се реши проблемот со потрошувачката на вода, бидејќи месечните сметки само за оваа локација изнесуваа околу 1500 евра, колку што чини целиот проект на плоштадот- вели директорот Сашо Петрушевски.

 Во расадникот кај Градскиот стадион водата ќе се користи и перење на градските улици, а на Кејот на реката Кумановка ќе се инсталира систем кој ќе работи на природен пад на водата.

„Чистота„ извади вода за свои потреби