Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст, денеска на градскиот плоштад на граѓаните им делае флаери и кисела вода заради освежувње од жешкото време.
Оваа активност е организирана со цел да им се помогне на граѓаните за нивно освежување и информирање во врска со последиците од изложување на сонце.
Вакви акции се спороведуваа и минатите лета, а се планираат уште неколку и за овал лето. Со оваа активност сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за последиците врз здравјето од високите температури- вели Сања Стојмановска, волонтер во Црвен крст во Куманово.