Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска ги посети стечајните работници кои веќе 2,5 месеци протестираат во Куманово и ги слушна нивните животните приказни во тешка сиромаштија, заборавени од државата кој во изминатите дваесет години ја градеа со својот труд и работа.
Не доѓам кај вас за да се правдам, туку да најдеме начин како да го решиме проблемот. Сигурно дека за грешките и последиците од приватизацијата се одговорни тие што владееле со државата. Јас само ќе потсетам дека во тие години на власт покрај СДСМ, беше и ВМРО-ДПМНЕ. Во времето кога министер за финансии беше Груевски беа приватизирани поголемите фирми во Куманово. Груевски е избран од народот за да ги решава проблемите, а не да се оградува дека стечајците се производ само на Црвенковски. Јас отворено го поканив денеска заеднички да излеземе пред вас и да побараме решение за проблемот. Еве тој нека предложи закон - ние ќе го прифатиме. Но, тој е во Кратово и ќе пушта во употреба интернет во некои села. Потребен е интернетот и во градовите и во селата, но кога народот е сит - рече Црвенковски.
Тој смета дека не држат аргументите на Груевски дека нема пари за стечајните работници, бидејќи не е можно во државава да има пари за споменици на мртвите од пред векови, а да нема пари за живите.
Официјалните податоци од Министретвото за труд и социјална политика е дека бројката на овие лице во Македонија изнесува 9.600. Месечно барате се издвои околу 90 евра, што значи месечна сума од 860.000 евра, а на годишно ниво сума од 11 и пол милиони евра - изјави Црвенковски.
На крајот на посетата лидерот на СДСМ го посети и домот на стечаецот Драги Крстиќ, кој го прекина штрајкот поради тешката болест.