×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвенковски:Опозицијата е должна да застане зад интерсите на граѓаните

    23.03.2010 12:40 | KumanovoNews

    "Време е за акција, време е за отпор, време е за фронт" е мотото на 12 политички партии кои го сочинуваат опзициониот  блок, кој заеднички ќе делува против актуелната власт.

    Црвенковски:Опозицијата е должна да застане зад интерсите на граѓаните

     Заедничаката платформа пред граѓаните на Куманово во името на обединетите опзиционери ја претставија лидерите на водечките партии СДСМ, НСДП и ЛП, Бранко Црвенковски,Тито Петковски и Стојан Андов.

    "Го одбравме Куманово,токму поради фактот дека градот отсекогаш знаел да се бори против сите невољи.Оттука ја започнуваме нашата борба против власта.
    Во сите сфери на општественото живеење Македонија бележи негативни резултати, почнувајќи од економијата,преку здравството,социјалата,образованието.Опозицијата е должна да застане зад интересите на граѓаните и да ги предводи во рушењето на власта„ - рече Црвенковски..

    Пред граѓаните зборуваше и претседателот  на Либералната партија Стојан Андов,кој истакна дека власта не нуди перспектива,која граѓаните на Македонија,треба да ја бараат во членството на ЕУ.
    Денес се замолчува секој збор на евентуална критика и граѓанинот е заплашен. Загрижен сум заради, состојбата на заматен ум кај луѓето зошто треба со појасна свест да очекуваме избори и со појасна свест да градиме ставови.Точно е дека сум го критикувал Бранко Црвенковски кога имало простор за тоа, кога тој бил на власт. Зошто сега да го критикуваме Црвенковски, тој веќе не е премиер?- истакна Андов.

    И лидерот на НСДП,Тито Петковски се обрати пред кумановци.Тој зборуваше за уназадените права на работниците, преку менување на Законот за работни односи.
    На крајот на трибината граѓаните поставуваат прашања на лидерите на трите опозициони партии.