×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Чваркијада„ за Фуере

    03.02.2011 11:46 | KumanovoNews

     Општината Куманово во чест на заминувањето на евро-амбасадорот Ерван Фуере ќе организира Чваркијада.

    „Чваркијада„ за Фуере

    Манифестацијата  во недела ќе се одржи во рекреативниот центар Пелинце, а има за цел на оргинален начин да ја покаже традицијата на градот пред повеќе амбасадори во државата. Програмата предвидува гостите активно да се вклучат во подготовката на македонските специјалитети, од обработката на свежо месо, до топење на чварки и собирање маст. 

    Оваа манифестација ќе му биде поветена на амбасадорот Ерван Фуере, на која градоначалникот ќе му врачи плаќета во знак на благодарност за се што го стори за Општината во неговиот мандат и за сета несебична помошта што ја пружаше во многу значајни моменти. Со овој потег сакаме да направиме несекојдневно испраќање, кое ќе го памети и преку нашите обичаи, традиција и култура на исхраната. Покрај евроамбасадорот засега имаме најава дека ќе дојдат уште десетина други амбасадори, меѓу кои и амбасадорката на Грција-вели Жика Крстевски, раководител во Секторот култура.

    На „Чваркијадата„ ќе се подготовуваат специјалитети од месо од македонската кујна во кое ќе учествуваат и дипломатите, а во големи казани ќе се варат чварките. Сето ќе биде проследено со културно-уметничка програма,оркести со народни инструменти, тамбураши, играорци од КУД „Панче Пешев и пејачот Наум Петревски„.

    Оваа манифестација пред 8 години ја започнаа членовите на Здружението Коледар, а по пет години пауза се обновува под покровителство на градоначаникот и Советот на Општината.