×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да не се продолжи зимскиот распуст поради епидемија со мали сипаници, предложи Комисијата за заразни болести

    18.01.2019 11:02 | KumanovoNews

     Комисијата за заразни болести му предложи на Министерството за здравство и на останатите надлежни да не се одложува почетокот на второто полугодие од учебната година, поради епидемијата со мали сипаници во Скопје.

    Да не се продолжи зимскиот распуст поради епидемија со мали сипаници, предложи Комисијата за заразни болести

     Како што пренесува портоалот СДК.мк, претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Миле Босилковски вели дека комисијата како советодавно тело одлучила дека нема потреба да се продолжува зимскиот распуст.

    „Извештајот е готов, сѐ уште не е предаден во Министерството, бидејќи не е потпишан. Ценевме дека нема потреба да се продолжува учебната година. Сепак, тоа е наш предлог. Како ќе одлучат министерствата и другите надлежни тоа е нивна работа, бидејќи ние сме само советодавно тело“, вели д-р Босилковски.

    Д-р Жарко Караџовски, член на Комисијата за заразни болести, вели дека нема заболени школски деца поради што сметаат дека не треба да се продолжи распустот и дека вкупно досега се заболени 58 лица.

    „Дадовме препорака и сите здравствени работници што работат со деца, а кои не се вакцинирани да се вакцинираат“, вели д-р Караџовски.

    Од Клиниката за инфективни болести велат дека околу 30 пациенти со мали сипаници се хоспитализирани кај нив и дека имаат неколку посериозни случаи.

    „Ова се бројките од утрово, меѓутоа бројките се менуваат. Има и возрасни и деца, но повеќето се деца“, вели д-р Сања Петрушевска-Маринковиќ, од Клиниката за инфективни болести.