×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се фиксираат стативите кај Соколана додека не се случила нова несреќа, апелираат родителите на починатото девојче

    13.09.2019 09:29 | KumanovoNews

    Помина еден месец откако 13 годишно девојче загина на игралиште кај спортската сала Соколана, а стативите сеуште не се прицврстени ниту отстранети и претставаат сериозна опасност за сите деца кои се играат таму.

    Да се фиксираат стативите кај Соколана додека не се случила нова несреќа, апелираат родителите на починатото девојче

    Родителите на починатото девојчето апелираат до надлежните под итно да го обезбедат местото, додека не се случила уште некоја трагедија како нивната.

    „Отидовме на местото на несреќата и видовме многу деца кои се играа таму, а стативите сеуште се небезбедни. Се плашиме дека може да се случи нова несреќа, не сакаме да се изгуби уште некој млад живот заради негрижа на надлежните. Децата не можат да ја предвидат опасност кој ги демне, но ние возрасните треба да се погрижиме нивното детство да биде безбедно. Прицврстувањето на стативите не чини многу, се работи за два подолги шрафа кои целосно ќе ги фиксираат или пак нека ги тргнат ако неможат да го сторат тоа“, - вели таткото Д.М.

    Тој додава дека за случајот ја известил и полицијата од каде му рекле дека ќе пријават на надлежните, а побара помош и од медиумите.

    Од Општина Куманово велат дека тие немаат надлежност над спортскиот комплекс Соколана, бидејќи откако е раскинат договорот со концесионерот, тој е оставен незаштитен од страна на државната Агенцијата за стопанисување на спортски објекти.

    „Жалам за тој несреќен случај. Нема зборови со кои може да се опише тоа. Системска одговорност треба да се утврди, бидејќи објектот е оставен сам на себе. Општината нема надлежност да влезе во објектот и ние сме во еден лавиринт. Не смееме да интервенираме бидејќи тоа не е наш имот, може некој да побара одговорност ако преземе нешто на своја рака“, - вели градоначалникот Максим Димитриевски.

    Тој додава дека по несреќата ги завариле стативите на игралиштето во Техничкото училиште, но овој случај се немоќни додека не го добијат комплексот на користење.

    Несреќата на спортското игралиште кај Соколана се случи на 14 август годинава, околу 17 часот , кога девојчето додека се играло се фатило со рацета на стативата, таа се превртела и го удрила во слепоочницата. Повреденото дете било пренесено на Ургентниот центар во Куманово. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно, повредите на главата биле фатални.

    Ова е втора несреќа за само две години во нашиот регион. Во октомври 2017 година момче од липковското село Ропаљце почина на скопските клиники откако се здобило со сериозни повреди на главата, кога врз него паднала скршена статива од гол на фудбалско игралиште.

    Несреќата се случила на стадион во скопското село Сарај, кога Б.С.(19) се подигнал со рацете на стативата, која се скршила. Момчето паднало, а врз неговата глава паднала стативата и го усмртила.