×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се обединиме за иднината на нашата земја, порача Димитриевски од прославата на Денот на независноста

    08.09.2019 18:20 | KumanovoNews

    На прославата на Денот на независноста - 8 Септември, пред споменикот Жена борец, на Градскиот плоштад во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски рече дека ни престојат големи предизвици и период во кој треба да докажеме дека оваа земја и овој народ имаат сила и капацитет да ги носат и пренесуваат европските вредности.

    Да се обединиме за иднината на нашата земја, порача Димитриевски од прославата на Денот на независноста

    „Доколку се обединиме под иста визија за иднината на оваа земја, иднината во големото семeјство каде што нашите права ќе бидат загарантирани и нашиот глас ќе добие на сила и нашето сонце ќе светне посилно. Да се обединиме сите во име на правдата, демократијата и космополитизмот, што ги имаме во сржта на нашето постоење. Потребно е само да не носи истата мисија за нашата иднина. Ова нека е порака од нашето мултиетничко Куманово, од сите нас, од сите етнички заедници. Северна Македонија сакаме и ќе ја сместиме да биде најветлата звезда на европското небо и полноправна членка на НАТО,“ - кажа Димитриевски.

    На прославата пред споменикот Жена борец цвеќе положија бројни делегации, а на Градскиот плоштад беа презентирани различни активности, сервисни информации, услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите во градот.