×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Да за компостирање“ проект на „ЛАГ АБЕР 2015“

    13.04.2018 09:36 | KumanovoNews

    Алармантана е состојбата со дивите депонии во североисточниот регион, поточно во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

    „Да за компостирање“ проект на „ЛАГ АБЕР 2015“

     Покрај комуналниот отпад се почесто и растителниот отпад, овошјето и зеленчукот, кои остануваат без пласман завршува на јавно прометни површини или се палат со друг вид на отпад. Ваквите несовесни постапки на поедници ја загадуваат почвата, водата и воздухот и оставаат катастрофални последици врз животната средидина. 

    Поради не постоење на систем за управување со отпад, граѓаните кои се занимаваат со земјоделско производство имаат можност да започнат со третман на растителен отпад од земјоделските стопанства и домаќинствата.

     Отпадот од органско потекло со рециклирање може повторно да се употреби во производството, ако се претвори во органско ѓубриво со процесот на компостирање, односно да се врати во почвата како здрава компонента која ќе придонесе за поквалитетен и побогат род.

    Со користење на компостот ќе се подобри плодноста и структурата на почвата, ќе се зголеми количината и квалитетот на производите, ќе се намали употребата на вештачки ѓубрива и пестициди, а со тоа ќе се намалат трошоците за производство.

    Компостирањето би создало услови за рехабилитација на земјоделските површини со органско и здраво ѓубриво-компостот, а би се запрело создавањето и палењето на дивите депонии од растително производство.

    Горе наведените придобивки се во согласност со концептот за зачувување на животната средина за подобрување на еколошкиот амбиент во регионот, кој директно влијае врз здравјето на луѓето.

    Во развиените земји не постои отпад. Тој или се рециклира или се користи како енергенс. Доколку сакаме да станеме дел од големото семејство треба да ги смениме навиките во однесувањето кон животната средина. Првиот приоритете треба да ни биде третманот на растителниот отпад од земјоделството и домаќинствата.

    Заради поголема информираност на земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане за придобивките од компостирањето, Здружението на граѓани „ЛАГ АБЕР 2015“ од Куманово, го имплементираше проектот „Да за компостирање„, преку обуки, посета на компостара, пропаганден матерјал и изработка на 50 компостари кои се поделени на 50 домаќинства во регионот.

    Проектот е финасиран од Министерството за животна средина и проторно планирање.