×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски на информативен разговор во полицијата

    26.04.2014 17:31 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот на општина Куманово Максим Димитриевски, попладнево биле повикани во полициска станица, откако во општинско возило кое го управувал партиски активист бил пронајден партиски матерјал.


    Дамјановски на информативен разговор во полицијата

      Едно лице од помошниот персонал го зеде возилото да го однесе во пералница, бидејќи беше излепено со самолепливи плакати. На 200 метри од зградата на Комитет било сопрено од полицијата и извршен е претрес, при што е пронајден и одземен само документ со препораки за работа на месните штабови и како да постапуваат посматрачите на изборите, согласно законот. Возилото и возачот биле упатени во полициската станица. Бидејќи возилото е под моја одговорност јас бев повикан на информативен разговор. Дадов изјава за документот што беше најден во возилото. Без налог беше извршен претрес на возилото иако во него немаше никаков пропаганден матерјал, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, откако излезе од Полициската станица.

    Началникот на СВР Куманово во телефонскиот разговор изјави дека не се работи за приведување на функционерите, туку за рутинска контрола на службено возило на Општината, кое го возело лице кое немало службен налог за управување, а не било ни вработено во општината .

    Наспроти ова претседтелот на Советот Димитриевски тврди дека тој бил физички нападнат и приведен од полициските службеници на распит, за да потоа биде пуштен од станицата без никакво објаснување.

      Проверката на возилото се случила околу 18 часот во центарот на градот, по што членови на партијата се собраа пред полициската станица и протестираа Дамјановски и Димитриевски да бидат пуштени. Околу 19 часот тие излегоа од станицата, по што партиските активисти си заминаа.