×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски положи цвеќе на споменикот на Тито

    05.05.2014 08:07 | KumanovoNews

    По повод 4 мај, денот кога почина претседателот на поранешната СФРЈ, Јосип Броз Тито, вчера цвеќе на споменикот на Градскиот плоштад, положи општинска делегација предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Дамјановски положи цвеќе на споменикот на Тито

    Како човек кој ја почитува македонската историја, бидејќи македонската држава е етаблирана во тој политички систем, сметам дека треба да имаме должна почит кон ликот и делото на Јосип Броз Тито. Јас како претставник на граѓаните на Куманово денеска имав чест и доблест да дојдам и да положам цвеќе по повод 34 години од смртта на Јосип Броз Тито. Куманово како град треба да му оддаде почит на некогашниот врховен командант, бидејќи црвено слободарско Куманово беше гордост во Народно-ослободителната војна во Македонија- изјави градоначалникот Дамјановски.

    Делегацијата од локалната самоуправа дојде на одбележувањето на денот и покрај тоа што оваа година подржувачите на Тито го заборавија значајниот датум.

    Многу се чудам што денеска ги нема сите оние кои тврдат дека се подржувачи на ликот и делото на Тито, пред се Титови леви сили, Комунистичка партија и Движење за Југославија и оние кои што со децении наназад го коритеа неговото име. Јас и моето потесно семeјство никогаш не сме биле членови во партијата на тогашната држава, но немам зошто да ја бришам меморијата како што многу политичари тоа го прават, особено оние од десните конзервативни партии кои сакаат да го негираат тој дел од македонската историја, - смета Дамјановски.