500x100-1
26. 10. 2010 09:18

Дамјановски во Брисел

Дамјановски во Брисел

  Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како потпредседател на ЗЕЛС во четврток ќе присуствува на отворањето на канцеларија на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС и Град Скопје во Брисел.

Целта на отворањето на канцеларијата е лобирање за отворање фондови за локалната власт од Македонија и подобар пристап до европските фондови, како и презентирање на програмите и проектите на единиците на локалната самоуправа на Македонија и на Град Скопје во Брисел, изјави претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, кој заедно со потпретседателите Дамјановски и Изет Меџити ќе присуствува во Брисел.

Одлуката за отварање на канцеларијата била донесена на Управниот одбор на ЗЕЛС.Канцеларијата  се наоѓа во зградата на Советот на европски општини и региони (ЦЕМР), каде ЗЕЛС членува од 2004 година. Зградата е во близина на Европскиот Парламент.

ЗЕЛС е втора институција од регионот, по Бугарската асоцијација на локални власти, која отвора своја канцеларија во Брисел. Од градовите во регионот, своја канцеларија во Брисел имаат Сареаво и Загреб.