×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Даниел Стојчевски ќе се кандидира за претседател на СДСМ Куманово

    02.12.2017 13:36 | KumanovoNews

    Даниел Стојчевски, првиот соработник на градоначалникот Максим Димитриевски, објави дека ќе се кандидира за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

    Даниел Стојчевски ќе се кандидира за претседател на СДСМ Куманово

     Стојчевски донел одлука да се вклучи во внатрепартискиот избор за претседател, поради неговата идеја и заложба за зачувување и унапредување на социјалдемократската мисла и идеја.

    „Ќе се заложам за поголема транспарентност во партијата како и во давање поголема шанса на младите, преку што ќе го споиме искуството со младоста. Ќе се борам и за родовите, национални и етнички права и нивната застапеност во партиските органи.Ќе го поттикнувам вклучувањето на лицата со посебни потреби во органите на нашата партија. Мојата програма за работа во текот на утрешниот ден ќе биде доставена до претседателот на СДСМ Зоран Заев. На останатите кандидати им посакувам среќа и успех“, - напишал Стојчевски на неговиот фејсбук профил.

    Стојчевски по професија е правник и работеше во ЈП Чистота и зеленило, а сега работи во Општина Куманово.

    Кандидатури за претседател на огранокот на СДСМ потврдија дека ќе поднесат и досегашниот претседател Мартин Костовски и директорот на ЈП Водовод Горан Стојковски.

     Огласот за самокандидирање трае до понеделник.