×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Даночните канцеларии ќе работат и за викенд

    09.02.2010 12:03 | KumanovoNews

    До средината на овој месец истекува рокот за поднесување на годишните извештаи за исплатените приходи за 2009 година.

    Даночните канцеларии ќе работат и за викенд

    Со цел да се запази рокот за поднесување на извештаите, сите даночни канцеларии на УЈП ќе работат и за време на викендот, односно на 13 и 14 февруари од 8.30 до 16.30 часот.

    Даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават годишен извештај УЈП ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност, како и глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај исплатувачот на приходите.

    Од УЈП информираат дека до 5-ти февруари обврската ја исполнителле само 2.116 даночни обврзници на ниво на Македонија, а според информациите на Управата за оваа година обврска да поднесат годишни извештаи имаат вкупно  60.000 даночни обврзници.

    За разлика од предходните години, од оваа година обврска да поднесуваат извештаи имаат и даночните обврзници кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица.