×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Данокот на недвижнини ја полни општинската каса

    16.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Данокот на недвижности носи најмногу пари во општинската каса. Оваа година по основ на данок за купопродажба на имот прибрани се 100 милиони денари, што претставува најголем процент во буџетот.

    Данокот на недвижнини ја полни општинската каса

    Данокот на недвижности носи најмногу пари во општинската каса. Оваа година по основ на данок за купопродажба на имот прибрани се 100 милиони денари, што претставува најголем процент во буџетот.

    Од идната година ќе се применува нова методологија на пресметка на данокот на имот. Цената што ќе ја плаќаат граѓаните ќе биде формирана врз основа на атрактивноста на местоположбата на имотот - вели Зоран Павловски, раководител во Секторот за финансии.

    Од секторот се задоволни и од наплатата на комуналната таска за истакната фирма за кој бизнисмените одвојуваат 6000 денари. Од наплатата на рестораните и кафе баровите кои што во летниот лериод користат бавчи буџетската каса се наполнила со 2,5 милиони денари. Сопстевниците на угостителските објекти редовно ги подмируваат и обврските за секој час над дозволеното законско  време за работа.