×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Деца ги нашле парите од „Дај-Дам„

    19.01.2011 16:00 | KumanovoNews

    Четири деца-Ромчиња на возраст од 12 до 16 години од Куманово, случајно под надвозникот на автопатот во населбата Бедиње ги пронашле украдените пари од менувачницата „Дај-Дам„.

    Деца ги нашле парите од „Дај-Дам„

    Момчињата на парите налетале додека собирале пластика и стари предмети.Тие отишле под мостот за да го пребараат фрлениот смет, кога во ѓубрето нашле јакна во која била завиткана торбичка. Кога ја отвориле торбата ги пронашле парите, и  ги поделиле меѓу себе. Одејќи по улицата кон дома почалнале да се расправаат кој повеќе земал, што го привлекло вниманието на полициска патрола. Кога полицајците виделе дека децата носат голема сума на девизи и денари, во рацете и џебовите, ги сопреле да ги прашаат каде ги нашле. Момчињата кажале  дека некој ги оставил под мостот, по што полицијата извршила претрес и во нивната куќа спроти поранешен Монопол, и на посоченото место.

     Јакната во која била завиткана торбичката со парите,припаѓала на Рамиз З., кој бил снимен од безбедносните камери додека го вршел грабежот, а во еден од ракавите бил пронајден и шалот кој го носел.

    По извршениот увид било утвредено дека се работи за торбичката и украдените пари во износ од 43 илјади евра, што биле одземени кога беше убиен сопственикот на менувачницата Бранко Петрушевски(62). Истрагата треба да утврди дали фалат дел од парите.

    Осомничени за свирепото убиство се Рамиз З. од Куманово и Љ.С. од Черкеско село, на кои им е одреден 30 дена притвор.

    Вооружениот грабеж и убиството се случи во саботата, кога во сред бел ден беше усмртен сопственик на менувачницата „Дај-Дам„, а потоа му биле одземена торбата со над 40 илјади евра.