500x100-1
06. 11. 2019 22:06

Дечињата од градинката „Ангел Шајче“ направија слет за празникот на градот

Дечињата од градинката „Ангел Шајче“ направија слет за празникот на градот

 Над 400 дечиња од големата група од градинката „Ангел Шајче“, учествуваа на слет „Ние сме ветрот на бесконечноста“,  по повод 500 години постоење и Денот на ослободување на Куманово.

Преку музичко-ритмичката програма, во преполната спортска сала од родители и гости, учесниците на слетот ја раскажаа приказната за традицијата и растот на Куманово.

„Децата на „Ангел Шајче“ се ветрот на бесконечноста. Со последната формација ја испратија и пораката до сите нас граѓани во градот Куманово дека тие се ветрот на бесконечниоста. Меѓутоа, секогаш кога се зборува за иднината, мораме да се вратиме и да погледнеме во минатото“,- рече директорката Марина Алексовска.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски им се заблагодари на сите коишто учествуваа во подготвување на оваа прекрасна манифестација и истакна дека со ваква генерација Куманово останува во сигурни раце.

„Навистина многу инспиративно, нашите најмили толку многу не` развеселија, не` направија горди што сме родители на вакви дечиња. Јас сум сигурен дека со ваква генерација на млади луѓе ние ќе го оставиме градот еден ден во сигурни раце и ќе продолжи таму каде што ние ќе застанеме“,- рече градоначалникот Димитриевски.