×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Љубе доби ослободителна пресуда за убиството и условна казна за поседување оружје

    12.11.2019 21:33 | KumanovoNews

     Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, ослободен е од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село Којково, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружјe.

    Дедо Љубе доби ослободителна пресуда за убиството и условна казна за поседување оружје

     Пресудата ја донесе Кумановскиот суд, а неговиот адвокат ја потврди информацијата. 

    „Задоволен сум од пресудата и истата нема да ја обжалиме. Ова е голема победа во име на правдата по 6 годишна правна битка“- изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

     Разбојништвото се случи на 27 февруари 2013 во нивната трошна куќа во планинското село Којково, кога двајцата натрапници Зоран Златков (28) и Борчо Иванов (30), насилно влегле во нивниот дом и го нападнале. На дедо Љубе додека го тепале му ставиле најлон во уста, а потоа го врзале со јаже за столче, додека неподвижната сопруга ја покриле со ќебе и ја малтретирале. Кога отишле во другата соба да ги бараат парите, тој го искористил нивното невнимание и се одврзал. Заминал во подрумот и ја земал ловечката пушка од која пукал, при што е убиен Златков, а ранет Иванов. Разбојникот Иванов кој преживеа е осуден на 8 години затвор.

    Судењето на Љубе се развлече, бидејќи во април 2015 по барање на неговите адвокати, поради одредени пропусти обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Тој беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје.

    ОЈО Kуманово го повлече обвинението за кривично дело „убиство во миг“, па во Основниот суд Куманово му се судeше за кривичните дела обид за убиство и недозволено држење на оружје.

    Јавноста во текот на целото судење бараше ослободителна предуда за дедо Љубе, бидејќи насилниците го нападнале во неговиот дом, па тој пукал во самоодбрана за да се спаси.