×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Мраз на мотор пристигна во Куманово

    28.12.2018 13:57 | KumanovoNews

     Дедо Мраз и неговите придружници денеска напладне со мотор пристигнаa на Градскиот плоштад во Куманово.

    Дедо Мраз на мотор пристигна во Куманово

    На децата им подари играчки, бомбони, чоколада и балони, а потоа новогодишната мисија ја продолжи во Центарот за лица со пореченост, кој се наоѓа во близина на поранешен „ЧИК“.

    Манифестацијата Дедо Мраз на мотор трае веќе 11 година, а ја организира мото-клубот Мечки. Со сопствени средства и со помош на нивни пријатели, купуваат подарици за најмалите и на посебен начин им ги честитаат новогодишните празници.

    Ова е веќе традиција во градот. Ова е време кога сите треба да бидеме среќни и сакаме да предизвикаме насмевка на сите деца кои денеска се присутни.  Немаме точна бројка колку подароци ќе поделиме, бидејќи ги купуваме од наши средства и од донација на наши пријатели. Повеќето деца се радуваат кога ќе го видат Дедо Мраз, но има и такви кои се плашат, но тоа е повеќе од звукот на моторот отколку од нас, - изјави Виктор Михајловски, член на мото-клубот Мечки од Куманово.

    Родителите кои ги доведоа своите деца на Градскиот плоштад велат дека e оригинална идејата моторџиите на ваков начин да им ги разубават празниците.

    Убава манифестација и за родителите и за децата, а се погоди и времето, па можеме да уживаме во ова несекојдневна глетка, од толкав број на мотори и дедо мразовци. Секоја чест на моторџиите заслужуваат секоја почит. Моето синче Младен доби подарок и многу се израдува затоа што е од Дедо Мраз, - вели еден од родителите.

    Откако ги поделија подароците Дедо Мраз и неговите пријатели, со мотор прошетаа низ кумановските улици и со воодушевување беа поздравени од граѓаните.

    Новогодишната магија Дедо Мраз на мотор ја збогатија и гости од соседните градови Скопје, Свети Николе и соседна Србија.