×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дефектите на старата водоводна мрежа не оставаат со денови без вода, се жалат граѓаните

    23.08.2018 11:36 | KumanovoNews

    Граѓаните од улиците „Љупчо Арсов“, „Егејска Македонија„ и „Иго Тричковиќ“, се жалат дека секојдневно по десетина часови остануваат без вода во своите домови, поради честите дефекти на водоводната мрежа.

    Дефектите на старата водоводна мрежа не оставаат со денови без вода, се жалат граѓаните

     Причина се големиот број на приклучоци од новите згради на старата водоводна мрежа. Тие бараат локалната власт старата инсталација да ја замени со нова, за да се стави крај на агонијата со водоснабдувањето на жителите кои живеат зад гимназијата „Гоце Делчев“.

    - Секојдневно имаме проблем со водонабдувањето. Од 6 часот наутро ја снемува водата, а ретко кога ќе ја пуштат до 16 часот. Најчесто ја нема до доцна навечер. Од премногу згради и преголем притисок пукаат цевките. Секојдневно ги крпат цевките, наместо да ги сменат со нови. Поради нерешениот проблем патиме ние станарите кои живееме без вода на овие големи жештини, - вели Ивана Бурназовска.

    Од ЈП „Водовод“ потврдуваат дека граѓаните многу често остануваат без вода за пиење поради зголемениот број на дефекти. Директорот Горан Стојковски, вели дека екипите интервенираат редовно на секој дефект, но притоа мора да ја затворат водата во поширокиот реон за да можат да работат.

    - На улицата „Љупчо Арсов“ пред да се изградат новите згради имаше по 5-6 куќи од двете страни на улицата, а сега има по 5 згради.  Во меѓувреме не е изградена нова водоводна и канализациона мрежа која ќе ги задоволи потреби на новите стамбени објекти и сега имаме голем проблем. ЈП „Водовод“ веќе изработува проект за поставување на нова водоводна мрежа на повеќе улици, кој ќе се импелементира наредната година, - додава Стојковски.

    И денеска жителите се без вода, бидејќи има нов дефект на водоводната мрежа во близина на гимназијата „Гоце Делчев“.