500x100-1
09. 02. 2019 10:36

Дел до одлуките на Министерството за култура ќе бидат поништени, најави Заев

Дел до одлуките на Министерството за култура ќе бидат поништени, најави Заев

Дел од Конкурсот за проекти од национален интерес на Министерството за култура за 2019 ќе биде поништен, најави премиерот Зоран Заев.

„Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена, освен за националните инстутуции каде што нема реакции, тоа се домовите за култура. Овде се направени фер распределби, но за сите други апликанти одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи, на транспарентен начин, рековме ќе ги слушаме граѓаните“, рече премиерот Заев.

Но, кумановчани бараат да се направи корекција и во одлуката која се однесува на Центарот на култура, бидејќи фестивалот Денови на комедија по 21 година постоење, годинава не доби финансиска поддршка од државата.