×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делови од градот и денес без вода

    04.01.2010 15:17 | KumanovoNews

    Водоснабдувањето на Куманово и денеска не е докрај нормализирано. Делови од градот  немаат вода и покрај тоа што во функција е ставен индустрискиот вод од каде се обезбедуваат  дополнителни количини на вода.

    Делови од градот и денес без вода

    Жителите околу Тутунскиот комбинат се жалат дека од синоќа воопшто немаат вода.

    Водата вчера дојде, а од сабајле пак ја нема. Надлежните тврдат дека спорот е решен, но изгледа дека не е така - велат жителите.

    Од ЈП „Водовод„ велат дека само околу 10 одсто од градот нема вода, бидејќи повремено опаѓа притисокот заради зголемената потрошувачка во текот на денот.

    Проблемот наскоро ќе се надмине. Во тек е и полнење на браната и постепено се покачува нивото на Липковско езеро, но сеуште не доволно да се почувствува во градот. Мерните единици уште покажуваат дека добиваме само 140 л/с вода. Засега дополнителни количества вода од индустрискиот вод го решија проблемот - вели директорот Виктор Божиновски.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски на денешната прес-конференција оцени дека кризите за вода намерно се предизвикува за да се издејствува двојно повисока цена на технолошката вода што ќе ја платат граѓаните.

    Подготвени сме да организираме и референдум, па доколку граѓаните се согласат ќе ја прифатиме цената што ја бара претпријатието „Кумановско-липковско поле“. Во секој случај, цената никако не смее да се формира со уцени и притисоци како што практикува управата на „Кумановско поле“. Јас денеска ќе одам во Министерството за земјоделие, шумарство и водоостопанство, каде со министерот ќе разговараме за оправданоста за зголемување на цената што ја бара водостопанство - изјави градоначалникот Дамјановски.

    Тој најави кривична пријава за директорот на водостопснското претпријатие Дејан Божиновски и управителот на браната.