500x100-1
24. 02. 2010 15:43

Ден на дрвото во првата половина на март

Ден на дрвото во првата половина на март

ЈП „Македонски шуми“ подружница Куманово е подготвена за пролетната акција "Ден на дрвото-Засади ја својата иднина.

„Во акцијата која ќе се реализира во втората недела од март, годинава, во кумановско ќе се засадат 600.000 дрвца. Акцијата ќе се реализира на површина од 150 хектари во селата Биљановце, Студена Бара, Скачковце и Ваксинце“ - информира Весна Темелковска, раководителот од подружницата.

На овие локации, поради ниската надморска височина, граѓаните ќе садат црн и бел бор, чемперс и јасен.

Минатата година биле произведени 2,5 садници, а годинава подружницата ќе произведе 4 милиони сандици од кои 3,5 милиони е контејнерско производство, а половина милион ќе биде класично производство на листопадни дрвја.