×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска ќе се знае која приватна фирма ќе го одржува градското осветлување

    08.07.2019 07:29 | KumanovoNews

    Неофицијално, станува збор за странски инвеститор - чешка фирма, со претставништво во Охрид, која доставила најповолна понуда и го добила тендерот за одржување на јавното осветлување во Куманово

    Денеска ќе се знае која приватна фирма ќе го одржува градското осветлување

    Изборот на најповолен понудувач за модернизација и одржување на јавното осветлување во градот, денеска ќе се најде пред Советот на Општина Куманово.

    Од одлуката на советниците ќе зависи дали ќе се финализира постапката за јавно-приватно партнерство и во наредните 10 години приватна фирма ќе се грижи за градското осветлување или таа ќе биде отфрлена.

    По распишување на меѓународниот оглас,  фирмата која доставила најповолна понуда и го добила тендерот ќе стане партнер со Општина Куманово, и има обврска да вложи 4,7 милиони евра за замена и одржување на 9.340 светлечки места.

    Неофицијално,  станува забор за странски инвеститор, односно, чешка фирма, со претставништво во Охрид.

    Потребата од јавно-приватно партнерство градоначалникот Максим Димитриевски, во декември минатата година, ја правдаше со неможноста Oпштината и ЈП „Куманово-паркинг“ да одвојат доволно средства за одржување на јавното осветлување, поради што граѓаните постојано се жалат.

    „Општината одвојува значителни средства за претпријатието, но тоа не може да го менаџира целиот процес, затоа што се наоѓа во тешка материјална состојба, па голем дел од градот е во темнина. Со јавно-приватното партнерство ќе заштедиме од еден до 1,4 милиони денари на месечно ниво само по тој основ. Ние мора да ги намалиме расходите, а да ги зголемиме приходите, бидејќи тоа ни го диктира Владата со новиот буџет“,- тврдеше тогаш Димитриевски.

    Наспроти ова, на тогашната седница. советниците од опозицијата сметаа дека одлуката е избрзана, затоа што точката била ставена на дневен ред на самата седница, иако физибилити студијата била изготвена уште во мај годинава, а немало ни поширока дебата, во која ќе бидат вклучени и граѓаните. Опозицијата на крајот не гласаше за одлуката за почнување на постапка за јавно-приватно партнерство.