×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска е светски ден на младите

    12.08.2010 19:05 | KumanovoNews

    Во 1999 година од страна на Обединетите Нации овој ден е одвоен и прогласен како ден кога им се одава признание на над 2 милјарди млади луѓе ширум светот на возраст од 10-24 години. Кај нас почнува да се одбележува од 2000 година.

    Денеска е светски ден на младите

    Но младите денес се соочуваат со најразлични проблеми, а се почесто истите ги решаават со чашка алкохол, дрога и насилство, а мошнеретко се мета и искористени се од најразлични групи најчесто политички, а тоа сосдава омраза и нетолеранција етнички поделби, опаѓање на моралните вредности и агресивност. Иако сочинуваат една четвртина од светската работна сила најголем број млади луѓе се соочуваат со невработеноста. Младата популација иако заборавена во Македонија е водечката сила во нашето општество и таа е нашата иднина. Оваа популација денес кај нас сеуште е  маргинализирана а младите се граѓани од десети ред е најчесто заклучокот на младите. Семејството како клучен фактор во оформување на личноста игра мала улога во нивниот живот иако треба да е обратно. Родителите во трката за финасиски средства ја запоставуваат својата улога што се одразува многу и во животот на младите. Сепак реално гледано младата популација е талентирана надарена и енергична со многу потенцијал и идеи но сепак треба да се организира поквалитетно слободното време на младите кое е многу значајно во градењето на културата на нивната култура. Целиот свет го празнува 12 август како светски ден на младите со цел што поактивно да се вклучат во сите домени од општествениот живот и решавање на нивните проблеми како би обезбедиле подобар статус во општеството.