500x100-1
01. 10. 2010 12:46

Денови на комедија по 13 пат

Денови на комедија по 13 пат

 На годинешниов Меѓународен театарски фестивал со 8 претстави ќе гостуваат театри од повеќе градови во Македонија, Србија и Хрватска.

 На 5 октомври започнуваат тринаесетите Денови на комедија во Куманово.На годинешниов Меѓународен театарски фестивал со 8 претстави ќе гостуваат театри од повеќе градови во Македонија, Србија и Хрватска.

Сите претстави се многу квалитетни, бидејќи првенствено тоа ни беше целта.Разговаравме со сите театри што имаа комедија, но изборот падна на најдобрите. Бевме во преговори со уште неколку театарски куќи, но поради економската криза не успеавме да се договориме со театрите од Бугарија, Босна и херцеговина - вели директорот Роберт Павлевски.

Фестивалот ќе го отвори претставата „2012- Последните Македонци„ од Драмски театар Скопје,а наредните денови следуваат претставите: „Покојник„ од битолскиот театар (6.10.), „Љубовникот со голем стил„ на штипскиот театар (7.10), „Жени на власт„ на Турскиот театар (8.10.), „Свири го тоа повторно, Сем„ на Белградскиот драмски театар (9.10), „Не играј на Англичани„ кумановски театар (12.10), „Крпен живот„ прилепски театар и на крај Сплитскиот театар со претставата „Молер„ ќе ја затвори манифестацијата на 14 октомври.

На затварањето на фестивалот ќе имаме една добра и интересна претстава, потоа добра е претставата на  Скопскиот драмски театар и на Белградско драмско позориште. И останатите претстави се доби и кумановската публика нема да биде изневерена - вели Ристо Стефановски, од Советот на фестивалот.

Фестивалот го финансира Министерството за култура со 700 иљади денари и 150 иљади денари од локалната самоуправа.                                                      

Денови на комедија по 13 пат