×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на комедија по 15 пат

    01.10.2012 07:35 | KumanovoNews

    Со претставата  „Ај да си речиме уште една„ од Андреј Цветановски, во изведба на Охридскиот театар вечерва во 20 часот во Центарот за култура почнува 15 -тиот Меѓународен фестивал Денови на Комедија во Куманово.

    Денови на комедија по 15 пат

     Манифестацијата ќе трае до 18 октомври , а кумановци ќе можат да проследат десет комедии од театри во  Македонија, Србија, Бугарија и  Косово.

    Во вторник играат гостите од театарот од Врање со комедијата „Женски разговори„ од Душан Радовиќ во режија на Небојша Дугалиќ.  На 5-ти октомври настапува театрот од Благоевград со претставата „Д-р„ од Бранислав Нушиќ во режија на Бојко Богданов.На шести октомври штипскиот театар со комедијата „Отворач на конзерви„ од Виктор Лано. Гостите од Националниот театар Косово на седми октомври ќе ја играат претставата „Лисистрата„ од Аристофан во режија на Елмазе Нура.

    Идната недела во вторник најавен е настапот на штипскиот театар со претставата „Бетија„ од Анџело Беолко-Руцанге во режија на Никола Ристов, а наредниот ден домаќините од кумановскиот театар со претставата „Околиска болница„ од Христо Бојчев во режија на Јане Спасиќ. На 12-ти октомври Театар комедија од Скопје ќе ја изведе „Ах љубов моја„ од Коле Ангеловски, а на 16-ти е стендап комедија со Весна Петрушевска Бејби.  Деновите на комедија на 18-ти октомври ќе ги затвори прилепскиот театар со претставата „Од кол на кол„ од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски.

    Кога видов дека оваа година славиме 15 години се потсетив на почетокот на овој фестивал кога на отворањето посакав да биде традиционален и обележје на Куманово. Денеска веќе сме навлезени во една длабока традиција, а фестивалот го збогатува културниот живот на Куманово. Овогодишната програма е најубавото нешто што можевме да го одбереме од нашата средина, но и од соседните држави. Фестивалот е меѓународен со сите нишани и ќе имаме многу квалитетен, кој ќе ве насмее-рече Ристо  Стефановски член на Советот на фестивалот.

     И останатите челенови во Советот сметаат дека оваа година е направен одличен избор на претстави.

    Мислама дека публиката ќе биде презадоволна од претставите, бидејќи сите се изработени по високи кретируми. Секој град би се гордеел со ваков фестивал,  бидејќи комедијата на светско ниво е во дефицит. Таа е тешко жанр, а во Куманово се собираат сите комедии од држават и околните земји. Како фестивалот се развива јас се надевам дека ќе добие и европски карактер - изјави Петар Темелковси .

    Сретставата за одржување на фестивалот ги обездеди Министерството за култура во висина од 700 000 денари. Локалната самоуправа оваа година не одвои сретсва за манифестацијата.