500x100-1
30. 09. 2011 15:03

Денови на комедија во Куманово

Денови на комедија во Куманово

 Во Центарот за култура, утревечер во 20 часот започнува четиринаесетата меѓународна театарска манифестација Денови на комедија Куманово 2011. Во наредните две недели, кумановската публика ќе има можност да види девет тетарски претстави од земјава и странство.

Манифестацијата ќе ја отвори МНТ со претставата „Сомнително лице„ во режија на Синиша Ефтимов, а во недела Драмски тетар со „Олово на перница„ во режија на Димче Николовски.

На Денови на комедија ќе настапат и театрите на Охрид, Велес, Прилеп, Белград Србија, Пеќ Косово, Ќустендил Бугарија и 3 стендап комичари од Босна, Хрватска и Македонија. Претставите ќе се играат во големата сала на Центарот на култура. Манифестацијата е под покровителство на Министерството за култура и општината Куманово.