×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десет години се чека втората фаза од зонското паркирање, обвини опозицијата

    30.08.2019 07:15 | KumanovoNews

    Советниците од опозицијата ги обвинија ЈП „Куманово-паркинг“ и Општина Куманово дека повеќе од 10 години не ја спроведува втората и третата фаза од зонското паркирање во градот.

    Десет години се чека втората фаза од зонското паркирање, обвини опозицијата

    Тие посочија дека од самото формирање на претпријатието, било ветено дека ќе се обележат  паркинг места во поширокото градско подрачје како зона Б и Ц, но и по една деценија проектот тапка во место.

    „Десет години само се врткате во центарот на градот и никако да продолжите кон болницата и зелениот пазар, со проширување на втората зона. Го зафативте централното градско подрачје, а ги закрчивте сите споредни улици, - обвини советникот на ГРОМ Зоран Петрушевски.

    И неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, вели дека локалната власт не прави ништо за да ги прошири зоните за паркирање.

    „Пред 6 години кога станав советник моето прво советничко прашање до градоначалникот беше кога ќе профункционира зоната Б. Одговорот беше наскоро, како што и сега вели директорот. Во моето 6 годишно искуство ова прашање е поставено уште барем 10 пати до директорот и градоначалникот, и секогаш се добиваше одговор дека само што не е пуштена зоната Б. Поминаа 10-11 години, а од зоната Б нема ни абер“, - изјави Петковски.

    Директорот Фадиљ Шабани, одговори дека тоа ќе се случи до крајот на годината, a досега не било реализирало затоа што немало потреба, а ни Советот на Општината нема донесено одлука за проширување на зоната.

     „Во тек е постапка за изработка на техничка документација во ЈП „Куманово-план“ и по нејзиното завршување ќе започне постапката“, - вели Шабани.

    Втората зона ќе го опфаќа паркинг просторот кај Градскиот стадион, Пожарната и нивната околина, а третата зона околу спортската сала. На булеварот „Трета МУБ“ ќе нема паркинг места затоа што се работи за булевар, а кај Општата болница нема простор за зонско паркирање.