×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детали од вчерашната сообраќајка, тешко повредени патници во џипот

    17.07.2017 10:58 | KumanovoNews

    Двајца албански државјани се тешко повредени во сообраќајната несреќа, која вчера попладне се случи на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на клучката на автопатот Куманово- Табановце.

    Детали од вчерашната сообраќајка, тешко повредени патници во џипот

    М.М. возач на патничкото возило ленд ровер и неговиот сопатник Л.М., поради сериозноста на повредите префрлени се на лекување во Ургентниот центер во Скопје, додека останатите 12 патника од автобусот и другото возило се примени во Кумановската болница.  

    Сообраќајката се случила во 17.10 часот, а во неа учествуваа Ленд ровер со албански ознаки, автобус со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И.(40) од Врапчиште и патничко моторно возило Рено лагуна со штипски регистарски таблички, управуван од Д.М.(38) од Пробиштип.

    До сообраќајката дошло кога џипот движејќи се по магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во насока кон Куманово извршил престигнување на Рено лагуната кое се движело во ист правец и продолжил со движење по средината на коловозот. Возачот со Ренџ роверот со предниот дел дирекно удрил во автобусот кој претходно движејќи се по автопатот Табановце- Куманово на клучката со магистрален пат Куманово- Крива Паланка, свртел на десно и се исклучил од автопатот, по што од ударот Ренџ роверот се превртел на коловозот и удрил во Рено лагуната.

    Од силината на ударот целосно бил уништен предниот дел на џипот, поради што била побарана помош од Противпожарната единица во Куманово да помогне повредените патници да ги извадат од возилото.

     Во извлекување на повредените патници во соообраќајката на автомобил и автобус на патниот правец Куманово - Кр.Паланка кај клучката во нас. Долно Којнаре, интервениравме од 17,20 до 17,45 часот со 1 возило и 4 пожарникари, - соопштуваат од ППЕ. 

    Во автобусот се превезувале 56 патници, кои патувале од Швајцарија во Македонија.

    Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

    Предниот дел на џипот целосно е уништен, па повредените патници ги ваделе пожарникарите.(фото Кумановоњус)